СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против Д.Т.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана.
За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Имено на 14.09.2016 година околу 20,45 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов„ поточно на паркинг од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ОЕКР – Единица за недозволена трговија, било извршено легитимирање и преглед на ПМВ марка “Шевролет-Спарк“ со скопски регистерски ознаки управувано од И.Ј.(18) од Скопје. Во возилото биле и Д.К.(18) од Скопје кој бил сопатник и пријавениот Д.Т. кој бил совозач во возилото.
При извршениот преглед во ПМВ и кај лицата И.Ј. и Д.К. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од сторено кривично дело додека при обидот за легитимирање и преглед на пријавениот истиот постапил спротивно на предупредувањата и наредбите на полициските службеници дал активен физички отпор и ги спречил полициските службеници во превземањето на започнатите службени дејствија по што се дал во бегство и искористил прилика од себе да исфрли една полиетиленска ќеса со непозната растителна материја спакувана во топчеста форма. Полициските службеници успеале да го стигнат пријавениот по што истиот бил приведен. По кратко време се вратиле на местото каде претходно во текот на бегањето пријавениот ја фрлил полиетиленската кеса со непознатата растителна материја и при преглед на местото на настанот ја пронашле полиетиленската кеса со непознатата растителна материја.
Пријавениот заедно со лицата со кој бил затекнат биле приведени во ПС-ОН-Гази Баба и со истите бил извршен разговор. По документирањето на настанот и извршениот разговор, во консултација со Јавен обвинител пријавениот Д.Т. бил задржан во ПС-ОН-Гази Баба заради спроведување на понатамошна постапка, додека лицата И.Ј. и Д.К. биле пуштени од полициска станица.