Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Охридскиот народен театар, во среда (21ви септември) ќе ја изведе претставата „Благородник” од Молиер, во режија на Дејана Николовска.
Претставата е со почеток во 20:00 часот, а влезот чини 150 денари.
Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески, Марија Неданова.Костимографијата, сценографијата и светлото се на Милена Пантелеева од Бугарија.