„Благородник” од Молиер во среда во Центарот за култура Охрид

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Охридскиот народен театар, во среда (21ви септември) ќе ја изведе претставата „Благородник” од Молиер, во режија на Дејана Николовска.

Претставата е со почеток во 20:00 часот, а влезот чини 150 денари.

dsc08160

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески, Марија Неданова.Костимографијата, сценографијата и светлото се на Милена Пантелеева од Бугарија.

ewew