Општина Охрид за учебната 2016/2017 година ќе додели вкупно 100 ученички стипендии и тоа:
25 (дваесет и пет) стипендии за талентирани ученици од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид ;
25 (дваесет и пет) стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид;
25 (дваесет и пет) стипендии за талентирани ученици од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид и
25 (дваесет и пет) стипендии за ученици кои живеат во потешки материјални услови, од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид.
I. Услови за доделување стипендии
А) Право на стипендија за талентирани ученици имаат кандидатите кои учат во општинските основни и средни училишта на подрачјето на општина Охрид, и ученици жители на општина Охрид кои учат во друга општина во јавно средно училиште кое не е застапено во општина Охрид а ги исполнуваат следниве услови:
1. да се жители на општина Охрид
2. да се редовни ученици
3. да освоиле награди за поединечно освоено I, II или III место на државен или меѓународен натпревар во областа на науката, техниката, културата и уметноста
4. да оствариле континуиран одличен успех во текот на школувањето од VI одделение па нагоре за основците и од I година па нагоре ,за средношколците
5. да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.
Б) Право на стипендија за ученици кои живеат во потешки материјални услови имаат кандидатите кои учат во општинските основни и средни училишта на подрачјето на општина Охрид и ученици жители на општина Охрид кои учат во друга општина во јавно средно училиште кое не е застапено во општина Охрид а ги исполнуваат следниве услови:
1. да се жители на општина Охрид
2. да се редовни ученици
3. да оствариле континуиран одличен успех во текот на школувањето од VI одделение па нагоре за основците и од I година па нагоре ,за средношколците
4. да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.
Начин на пријавување
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:
1. потврда дека е редовен ученик ;
2. фотокопии од свидетелствата;
3. фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науката,техниката, културата и уметноста;
4. извод на родени (копија);
5. потврда за висината на примањата на сите членови на семејството на ученикот издадена од УЈП
6. изјава потпишана од родител/старател дека доставените документи се вистинити и дека ученикот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или фирма.Истата е објавена на интернет страната www.ohrid.gov.mk
II. Висината на стипендијата
Висината на стипендијата ќе изнесува 1500,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2016/2017 година.
Рок на пријавување
Потребните документи, учениците треба да ги достават најкасно до 20.10.2016 година(четврток) ,на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички стипендии“
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.