Втората мерка која денес ја објавувам се однесува на финансирањето на клубовите и спортски федерации преку ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови и спортисти, како и спортски федерации и МОК, изјави денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Со измена на закон ќе се овозможи и прецизира финасирање на спортски клуб, при што за делот на финасирањето средствата кај финансиерот би биле одбиени при плаќањето данок на добивка, а по утврдени правила.
„Секоја компанија која дава вакво финасирање за кое ќе добие ослободување од данокот на добивка, може да е максимум во висина од 20 осто од нивната годишна добивка, додека за делот меѓу 20 и 30 осто од добивката се ослободува 50 осто. Над 30 осто од добивката не би имало ослободување на данок од добивка. На пример, компанија која има добивка од 1 милион евра и за тоа треба да плати данок на добивка, доколку инвестира 200 илјади евра во некој спортски клуб или федерација, за истиот износ би била ослободена од плаќање данок на добивка кон државата. Доколку инвестира уште 100 илјади евра, за тие 100 илјади евра ќе биде ослободена од 50 илјади евра данок на добивка.Значи фирмите ќе може наместо на државата да инвестираат во клубовите, спортистите и федерациите доколку самите така одлучат“, изјави Груевски.
Позитивни исклучоци поради тоа што се поскапи спортови ќе има кај фудбалот, наместо 20 ќе биде овозможено 30 осто од добивката да финасира со 100 осто ослободување, и од 30 до 40 осто со 50 осто ослободување.
„Значи ако компанијата од 1 милион евра добивка инвестира во фудбалски клуб 300 илјади евра тогаш тој износ не го плаќа на државата како данок на добивка, а ако инвестира уште 100 илјади евра во клубот, тогаш ќе плати данок само 50 илјади евра. Втор позитивен исклучок е кошарка и ракометот каде до 25 осто од добивката ќе има 100 ослободување од данок на добивка, а од 25 до 35 %, 50 осто ослободување. Преку пример, ако компанија со 1 милион евра добивка инвестира во кошаркарски или ракомет клуб 250 илјади евра, за тој износ ќе и се намали данокот на добивка. А ако покрај 250-те илјади евра инвестира уште 100 илјади евра тогаш за тие ќе плати 100 илјади евра ќе плати само 50 илјади евра данок на добивка“, рече Груевски.
Ова, нагласи Груевски ќе значи директно одкажување на државата од приливот на дел од средствата од данок на добивка во буџетот, во корист на спортот, клубовите, федерациите и врвниот спорт. Со обзир дека државата средствата кои треба да и припаднат во буџетот ги става на располагање на спортските клубови, федерации и спортисти, таа е должна да внимава како ќе се трошат тие пари, да воспостави правила и надзор над нивното користење, со цел да спречи нивна можна злоупотреба.
„Па така со цел да се оневозможи правно изигрување на прописите ќе биде забрането клубот по било кој основ да ги врати парите во истата компанија или во компании кои се роднински, капитално или управувачки поврзани, вклучувајки и во трошоци за стоки и услуги, бидејки тоа би значело затајување данок или перење пари. Ќе биде забрането парите клубот по било кој основ да ги исплаќа на било кое одговорно лице во компанијата. Нема да е дозволено средствата добиени како спонзорство, а за чии износ кои спонзорот се ослободува од плаќање на данок на добивка, ќе се уплаќаат на посебна сметка и од нив не смее да се префрлаат парите на редовната или друга сметка на клубот или федерацијата, или пак да се исплаќаат обврски по договори од редовната сметка средствата може да се трошат за строго утврдени намени одредени со правилник кој го носи владата по претходно мислење на министерството за финансии, министерствотот за правда и агенцијата за млади и спорт, и секако по претходна јавна расправа“, рече Груевски.
Средствата добиени на овој начин ќе можеда се трошат за: плати, недоместоци и бонуси на спортистите и стручниот штаб, по утврден правилник на клубот и писмено пријавен во федерацијата, организација на патувања и престој на клубот во земјата и странство заради натпреварувања или подготовки, согласно законот за јавни набавки изнајмување или градба на сали или терени за натпреварување која треба да се спроведе по начелата на законот за јавни набавки. Плаќање на кирии за простории за работа на клубот, не повеќе од 10 осто од средствата годишно, или отплата на кредит за купување на сопствени простории на клубот, не повеќе од 20 осто годишно од добиените пари со вакво ослободување од данок на добивка. Доколку се купат простории за клубот со средства од овој извор, истите не смеат да се стават под хипотека и несмеат да се продадат најмалку 15 години, со цел спречување можни злоупотреби, патувања на поединци заради стручни семинари, конференци и усовршувања, согласно законот за јавни набавки, а по претходна изгласана и потпишана одлука на извршното тело, плаќање на котизации и членарини, набавка на опрема и реквизити која треба да се спроведе по законот за јавни набавки, плаќање на трошоци за комуналии на клубот, најмалку еднаш во три години секој клуб или федерација која примила ваква подршка, ќе биде подлежна на контрола и ревизија од државниот завод за ревизија, во делот на потрошените средства добиени по основ на данок на добивка.
Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во клубовите доколку незаконски се користат средствата.
„Истовремено се предвидува приматели на вакви донации да може да се спортски федерации или клубови од првата лига, кои задолжително мора да имаат и младинска школа, во спортови каде има натпреварување во организирана лига, освен за фудбал каде може да се опфати и втората лига, со оглед на тоа дека станува збор за популарен, скап и многу организиран спорт. За клубовите кои немаат организирана лига може да се признаат до 5 осто од добивката на една компанија, и тоа само за еден таков клуб во една календарска година. Во секое извршно тело на секој клуб приматели на вакви спонзорства, ќе мора да членуваат најмалку два дипломирани правника, и најмалку два дипломирани економиста со цел да допринесат за поквалитетно користење на средствата“, рече Груевски.
Исто така оваа мерка ќе опфати и подршка на поединечни врвни активни спортисти до 35 години старост, и со конкретни домашни и меѓународни резултати (на пример: самостоен тенисер, професионален боксер, пливач, итн), со што поддршката на индивидуални спортисти ќе биде до 6% за оние кои се занимаваат со олимписки спортови и до 3% за други видови на спортови;
„Можноста на ваков начин на финасирање важи до моментот во годината додека ги исполнува условите поврзани со постигнатите резултати. На пример ако до јуни има најдобар, или втор најдобар резултат на трки до 100 метри до тогаш тие што ќе го финасираат може да добијат ослободување од данок на добивка, потоа не. Ако од јули друг има најдобар резултат, тогаш тие кои ќе го финасираат тој друг, тие имаат право на финасирање со ослободување од данок на добивка. Овие одредби ќе се прецизираат со правилник и во соработка со федерациите. Средствата добиени по ваков основ кај клуб или спортист, не смее да се плаќаат кон спонзорот назад на било кој начин ниту кон него, ниту кон капитално, роднински или управувачки поврзани лица, или пак лица со управувачки позиции вработени кај него. Секој клуб и федерација на вакви средства се должни најдоцна до 15 ти март во наредната година да објават колку и од кого примиле сонзорства од ваков вид, и за кои намени колку потрошиле“, рече Груевски.
Федерацијата е должна во истиот период да ги објави на својата веб страна ваквите извештаи на сите клубови и спортисти приматели на вакви помошти, а тие се должни најдоцна до 10 март во наредната година да ја известат федерацијата писмено за она што треба да се направи. АМС ќе треба да изработи теркови за објавите а да бидат стандрдизирани и унифицирани.