Во четврток ќе се подигнува кабаст отпад во У.З.14 „Радојца Новичиќ“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 22.09.2016 год.(четврток) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14 „Радојца Новичиќ“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел. 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.