Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21ри Септември е прогласен за Светски ден на мирот. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.
Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Локалната самоуправа на општина Охрид, утре (среда) овој историски ден во Охрид ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото „Да градиме блокови за мир”. Маршот ќе се одвива по „Кеј Македонија” до крајната дестинација-плоштадот, т.е. пред споменикот „Св.Климент Охридски”.
Манифестацијата ќе се изведе по следната
П Р О Г Р А М А:
Собирно место на учесниците во Мировниот марш ќе биде во кругот на Организацијата ( стара дирекција на “Гранит”), во 11:00 часот на 21 септември 2016 година (среда).
Централно место на прославата ќе бидена плоштадот Св.Климент Охридски.
1. Положување свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.
2. Химна на Република Македонија.
3. Се чита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун.
4. Обраќање на претставник на локалната самоуправа на општина Охрид.
5. Обраќање на претставник на СБ од Охрид и Дебрца.
6. Културно-уметничка програма.
Се повикуваат покрај борците и граѓаните продолжувачи, масовно учество да земат претставниците на АРМ, пензионерите, учениците, студентите, претставниците на Политичките партии, Невладините организации и Здруженија на граѓани.