Пронајдено изгорено женско тело во Кичево

Вчера околу 15:50 часот во Кичево на ул.„29 Ноември“ во делот на „Китино кале“, случаен минувач забележал женско тело како гори. Од страна на екипа од ТППЕ-Кичево излезено било на местото на настанот и изгаснато со апарат за гасење на пожар. Лекар од Општа болница-Кичево констатирал дека телото било изгорено и дека не давало знаци на живот. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од НККР-Кичево.

По наредба на ЈО телото е предадено за обдукција. Се утврдува идентитетот на лицето и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.