Унапредувањето на туризмот и зголемување на бројот на гостите беше една од главните теми на кои разговараа градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и член на парламентот на австралиската држава Викторија, Бронвин Халфпени.
Пријателските односи со Австралија, земја во која живеат голем број македонци нуди одлична можност за остварување на поголема соработка во различни области. Како идеја за таква соработка на средбата беше истакната потребата за воспоставување на директна авионска линија како и поврзување на австралиските туроператори со локалните туристички работници.