Вчера во просториите на Царинска управа се одржа работен состанок помеѓу претставници од Царинската управа и генералниот директор на СЕЛЕК Центарот, м-р Тони Јакимовски.
Југо-источниот европски центар за спроведување на законот (SELEC), претставува меѓународно тело за борба со криминалот и центар за регионална соработка на полицииите и царините од 12 балкански држави (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција), а за прв пат од своето постоење има генерален директор од Република Македонија.
На состанокот се дискутираше за продлабочување на соработката во насока на сузбивање на прекуграничниот криминал со посебен акцент на криумчарењето на дрога, финансиски и компјутерски криминал, шверц и царинска измама. Претставниците од двете институции ја истакнаа заложбата за продолжување на соработката и во иднина, преку зголемена размена на информации и иницирање на заеднички акции за сузбивање на криминалот во регионот на Југоисточна Европа.