Едно лице повредено во сообраќајка на патот Струга – Радожда

На 24.09.2016 година во 06.10 часот на регионалниот пат Струга – с.Радожда, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ„Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (20) од с.Радолишта–Струга, излетало надвор од коловозот. М.Х. се здобил со ТТП, а лекарска помош му е укажана во МЦ-Струга, каде е задржан на понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од ПС – Струга.