Програма по „Кембриџ“ од идната година и во средното образование

Примената на учебници по наставната програма од „Кембриџ“ за математика и за природни науки целосно заврши во основното образование, а од следната година проектот ќе продолжи и во прва година средно образование, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Заменик-министерот рече дека се завршени наставните планови и програми за учебници за 113 предмети за средно стручно образование кои досега недостигаа и дека за 40-тина дена ќе биде објавен повик. Тој истакна дека во следните три години, постепено ќе се менуваат учебниците и во средно стручно, кои ќе да бидат преземени и преведени.

„Во согласност со договорот што го нудиме, ќе ни бидат понудувани три странски учебници и кој од нив најмногу ќе одговара на наставната програма, тој ќе биде преземен“– рече Ристовски.

Извор: meta.mk