Дводневна работилница „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020“

Министерот за образование и наука, м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на отварањето на дводневната работилница во рамките на ЕУ Проектот „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020.”

„Министерството за образование и наука започнувајќи од февруари оваа година води еден широк консултативен процес за креирање на нов релевантен стратешки документ за образование. При што амбициите се насочени кон вклучување на што е можен поширок круг на образовни практичари од сите нивоа на образование, организации што работата за унапредување на образованието, но и институции и организации кои се повразни со пазарот на труд. Сопственоста и транспарентноста во процесот ќе овозможат и подобра имплементација на новат визија. “– нагласи Лутфиу.

Истакна дека секторскиот пристап на работа овозможува ефективност на политиките за зголемување на вработеноста и дека само со економија базирана на знаење и добра острученост на младите и возрасните ќе влијаеме кон намалување на невработеноста.

Истотака ја нагласи и соработката со Министерството за труд и социјална политика, кон зајакнување на партнерството со ЕУ, Светската банка и другите партнери, со цел на промовирање и реформирање на процесите во врска со правата на децата.

„Министерството за образование и наука планира како дел од политиката за носење на одлуки базирани на докази да воспостави Комисија за ревизија на образовните политки (КРОП/PERC). Новата организациска поставеност ќе овозможи обезбедување на солидно и ефективно финансиско раководење и алокација на ресурси за имплементација на образовните политики но и следење на новата Сеопфатан стратегија за образование. Верувам дека бизнис заедницата, синдикатите, образовните институции партнерите во последниве неколку години своите интереси ги препознаваат во идниот систем за Препознавање на неформалното и информалното учење.” рече Лутфиу.

Во своето обраќање министерот истакна дека Македонија е во прилика да изгради систем каде резултатите од учењето што младите луѓе и возрасните ги стекнуваат во текот на нивниот живот, во неформалната и информалната средина ќе бидат препознани, валидирани и сертифицирани.

На работилницата учествуваат претставници на ЕУ, претставници од општините, училишта, универзитети, социјалните партнери, образовни институции, донатори и организации qytetare.Истотака вклучени во овој проект се и сите државни институции.

Министерот Лутфиу им посака успешна работа во следните два дена со надеж дека ќе се разработуваат добри практики за градење на партнерства од нашта земја и од земјите на Европската унија.