Продолжува реализацијата на Работилницата „Планирање на сценарио – Фаза IV“

Државниот секретар во Министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова, денес со свое обраќање ја отвори работилница „Планирање на сценарио – Фаза IV“ која ќе се одржува до 28.09.2016 година во Домот на АРМ.

Во своето обраќање пред присутните државниот секретар Чуповска Ристова истакна дека оваа работилница која е продолжение од претходните работилници е мошне значајна особено затоа што истата се одржува непосредно после двете природни непогоди што го зафатија Градот Скопје и околината. Првата, катастрофалната поплава, која беше причинител за голем број човечки и материјални загуби и втората, неколку последователни земјотреси. Таа додаде дека е убедена дека на оваа работилница во развивањето на сценариото ќе се вметнат и искуства од институционалното справување со наведените настани и ќе се земат предвид научените лекции, со цел да се надминат одредени слабости и празнини во иднина и да се отиде чекор напред во организираното дејствување при итни состојби.

Диана Акурио експерт од Соединетите Американски Држави во своето обраќање истакна дека досега многу научивме од претходните работилници, подготвувајќи се за вистински катастрофи. Научивме како да работиме внатре во институциите и како да соработуваме помеѓу институциите, државни и останати. Преку сценаријата се дискутираше како да се подготват, во случај на поплава и земјотреси. На оваа работилница ќе се направи сублимат од сите претходни работилници и ќе се сподели искуството на институциите и нивната реакција при неодамнешните природни непогоди кои ја зафатија Македонија.

Оваа работилница е во организација на Министерството за одбрана – Сектор за цивилно воена соработка, во соработка со Инженерискиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави (US Army Corps of Engineers).

Учесниците на работилницата ќе развиваат сценарио со изработка на листа на инциденти за одговор во случај на поплава и земјотрес, со цел подобрување на Македонските цивилно – воени капацитети за планирање одговор при катастрофи, запознавање на министерствата и лицата со значењето на планирање на сценариото, принципи, методологии за развивање агенциски и меѓуагенциски вежби за подготвување на одговори при катастрофи.

Покрај Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, на оваа Работилница учествуваат и претставници од: Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за локална самоуправа, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за образование и наука, Министерство за финансии-Царинска управа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство-Управа за хидрометеоролошки работи, Сеизмолошката опсерваторија, Црвениот крст на Република Македонија и Воената академија.

dsc_8213