Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација во соработка со Европски Центар СН7, а со поддршка од Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас, 2014-2018“ го имплементираа проектот „Зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници“ каде главна цел беше унапредување на процесот на децентрализација со подигнување на капацитетите на месните и урбани заедници.
Финална активност во рамки на проектот беше издавањето на прирачникот „Како да се подобри работата на месната самоуправа во Македонија“ каде се сумирани резултатите од истражувањето и се дадени препораки како да се подигнат капацитетите на месните и урбаните заедници.
Презентација на прирачникот ќе се одржи утре во Хотел „Милениум“ во Охрид со почеток во 14.30 часот.