Во сабота ќе се подигнува кабаст отпад од Горна Влашка Маала

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Маала„(комплекс згради „Христо Узунов“ , „ Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mаала“).

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.