Светски ден на туризмот

Туризам достапен за сите е за создавање на услови за потребите на сите нас, без разлика дали патуваме или остануваме дома. Тоа може да се должи на некаква попреченост, дури и привремено, семејства со мали деца, или стареење на населението, во одреден момент од нашите животи, порано или подоцна, сите имаат корист од универзален пристап во туризмот.

Затоа, се повикаат сите граѓани ширум светот да ја доживеат неверојатната разновидност на нашата планета и на убавината на светот во кој живееме. Оваа година, Светскиот ден на туризмот треба да ни помогне за укажување за важноста и огромните бенефиции кои ги има универзалниот пристап и што може тоа да му придонесе на општеството во целина.

Уште од своето основање, Светскиот ден на туризмот се празнува на 27 септември, за да се поттикне свеста кај меѓународната заедница за важноста на туризмот и неговата социјална, културна, политичка и економска вредност.

Обединетите нации со прославата на овој ден се обидуваат да го нагласат потенцијалот на туризмот за да придонесат за постигнување на целите за одржлив развој, односно решавање на некои од најголемите предизвици со кои се соочува општеството денес.

Тема за оваа година е: „Туризам за сите – промовирање на универзален пристап“, а официјалната прослава на Светскиот ден на туризмот 2016 ќе се одржи во Бангкок, Тајланд.

WebOhrid