Честитка од претседателот на СДСМ Заев до Бошњачката заедница во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците на сите граѓани – припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.

„Бошњачката традиција е значаен дел од богатото културно наследство во Република Македонија. Заедништвото и меѓусебното разбирање се наши определби на патот кон градење на држава за сите граѓани. Активниот придонес на Бошњаците во развојот на Република Македонија, преку нивната грижлива посветеност кон менување на состојбите во државата кон подобар живот е придобивка за сите граѓани на Р.Македонија. Заедно да ги негуваме и почитуваме различностите коишто се наши придобивки со кои треба да се гордееме.

Заедно да се стремиме кон создавање на подобар животен стандард за граѓаните и напредок на државата.“ – се вели во честитката.