Заменик министерот за внатрешни работи Нухиу во посета на Народна Република Кина

Заменик министерот за внатрешни работи Д-р Агим Нухиу, на покана на Министерството за јавна безбедност на Народна Република Кина во периодот од 26-28.09 учествува на „Вториот форум за меѓународна полициска соработка за безбедносен коридор на новиот Евроазиски копнен мост“.

Д-р Нухиу оствари средба со својот кинески колега и други претставници од многу земји учесници на овој Форум.

Заменик министерот високо го оцени придонесот на меѓународните организации во борбата против транснационалниот криминал, земајќи како обврска заедно и постојано да негуваме стратегија за јакнење на активностите против криминалот во целиот свет со една јасна визија за еден побезбеден свет.

Градење на капацитетите за меѓународна полициска соработка, јакнење на соработката во областа на безбедноста и континуираното негување на

„Логиката на безбедост“ треба да се поддржува без двоумење од сите“, истакна на овој Форум Заменик министерот Д-р Нухиу.