29ти септември – Светски ден на срцето

Светскиот ден на срцето е востановен во 2000-та година од страна на Светската федерација за срце ( World Heart Federation). Се одбележува ширум светот а има за цел да ја зголеми информираноста на населението дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот со над 17 милиони смртни исходи годишно.

Секоја година денот 29-ти септември огромен број здравствени работници, граѓански здруженија, државни иституции стручни асоцијации и многу други го посветуваат на подигнување на свеста за можноста голем број од факторите на ризик за овие заболувања да бидат елиминирани, со што значајно би се намалил бројот на прерано загубени животи.

Заводот за Кардиоваскуларни заболувања од Охрид пред повеќе од 10 години се влкучи во одбележување на овој ден, меѓу првите во земјава, а од пред 4 години Светскиот ден на срцето го одбележува во соработка со Општина Охрид.

За таа цел на 01.10(сабота) во периодот од 09 до 13 часот ќе биде поставен шатор на градскиот плоштад во Охрид, каде стручни екипи од Заводот ќе вршат бесплатни превентивни прегледи и ќе даваат совети на граѓаните поврзани со здравјето на срцето и крвните садови.