Програмата на Lions Quest – „Вештини за адолесценција“

Денес, министерот за образование и наука, м-р.Pishtar Lutfiu, присуствуваше на средбата за имплементирањето на програмата „Вештини за адолесценцијата”, проект за ефикасно справување со проблемите на младите во периодот на тинејџерството.

Во изминатите 10 месеци оваа Програма беше реализирана во 40 училишта (од планираните 47), во 5 општини (Охрид, Струга, Тетово, Велес и Кавадарци) во Република Македонија, и беа едуцирани (сертифицирани) 75 наставници. Со оваа Програма беа опфатени вкупно 940 ученици.

Станува збор за структурирана програма, која е базирана на докази, и која досега со успех е имплементирана во 96 земји во светот.

Програмата – „ВЕШТИНИ ЗА АДОЛЕСЦЕНЦИЈА“ беше подржана од Lions Quest како и од UNODC (Канцеларијата на Обединетите нации за борба против криминалот и дрогата).

Министерот Lutfiu ја нагласи функцијата на оваа програма, како превентивно-едукативна, воспитно-образовна и превоспитна. Оваа практикувана програма, нуди голема можност за наставата во училиштата, во иднина, да добие нов квалитет што сето тоа отвара нова страница во воспитната сфера.

Преку оваа програма се фаворизира ученикот, всушност, тој се става во преден план. Едукацијата се врши преку постојани вежби што му овозможува на ученикот интерактивна работа од едукативен и забавен карактер, а сето тоа придонесува нивото на внимание да се одржува на високо ниво за време на целиот наставен час.

„Со дополнителна едуација оваа програма во голема мера ќе им помогне на училишните стручни тимови во понатамошното брзо и успешно спроведување на Програмите: „Советување на родители“ и „Советување на ученици“ што според програма на МОН задолжително се спроведува во училиштата повеќе од 5 години и преку која досега се реализирани повеќе од 37.000 советувања на родители и ученици од основните и средни училишта во Република Македонија” нагласи Lutfiu.

МОН и понатаму ќе настојува да ја подржува оваа програма, со тенденција истата да се имплементира во сите училишта и во останатите 80 општини во Република Македонија.