ПС Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 17.08.2016 година во Охрид откако предходно на фотокопир изготвила лажно известување, истото му го дала на лицето А.М. од Гостивар за да го употреби како вистинито во банка во Гостивар за да отвори жиро сметка за прилив на 135.000 евра врз основа на судска одлука. Од страна на извршената контрола во банката на известувањето е констатирано дека се работи за фалсификуван документ. Од преземени мерки и извршени разговори со С.М. и А.М. утврдено е дека пријавената без знаење на нејзиниот сопруг, сама ја изготвила содржината на фалсификуваното известие на негово име и од неговата оригинална книшка го фотокопирала и го фалсификувала правоаголниот печат со потпис на овластено лице на банката.