Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на земјава на есенското издание на саемот за туризам во Букурешт, Романија (Romexpo, 17-20 Ноември, 2016).
На саемот во Романија кој е специјализиран за промоција на дестинациите и директна продажба на туристички пакети има 223 излагачи кои својата понуда ја презентираат по 36-ти пат на овој саем.
Посетителите и тур операторите од Романија покажуваат голем интерес за Македонија како туристичка дестинација поради фактот близината на двете земји, а преференцата на романските туристи е во насока на патување со своето семејство со автомобил. Ова ја иницира богатата понуда на романските тур оператори за пакети во кои има вклучено и изнајмување на автомобил во конкретната дестинација, додека пак повозрасните туристи најмногу ги избираат групните патувања во автобус.
Тур операторите кои веќе ја имаат вклучено Македонија во нивните продажни каталози детектираат интерес кај романците за неколкудневни зимски туризам за Македонија и Балканот, а тој интерес е најсилен во почетокот на месец Декември.
Претставници на АППТ на овој саем за туризам остварија бројни средби со медиуми и романски тур-оператори меѓу кои и Gama travel, Geea turism, Icar travel, Vikingul saltaret, Meitner turs, HTS travel, paralela 45 turism и така натаму.