Македонија е една од земјите која со својот туристички производ се најде на најновата мобилна апликација на Гугл – Google Trips.Најновиот производ во сферата на туризмот кој Гугл го презентираше е џебниот туристички водич – Google Trips, персонализиран водич за патување.Со помош на оваа мобилна апликација туристите ќе можат на полесен начин да го организираат своето патување во еден од 200-те топ градови во светот препорачани од Гугл.
Република Македонија е застапена на апликацијата со популарните туристички атракции на Охрид, Скопје, Битола (и други градови кои се вклучени во истата) како и предлог ресторани и хотели низ земјава. Предложените локации се категоризирани според однапред определени стандарди на Гугл – “Top Spots”, “Indoors”, “Fаrhter Away”, “Places A-Z”.Мобилната апликација на Гугл нуди опција за посетителите да си го испланираат патувањето со зачувување на своите резервации, посета на омилени дестинации, план за денот, препорака за храна, како и опции кои помагаат со дополнителни неопходни информации за конкретната земја.
Користењето на апликацијата е можно без поврзаност на интернет, а Гугл ова го прави со следење на неколку информации за патувањето на личноста како хотели, резервации во ресторани и слично, а потоа препорачува активности кои можат да се прават во близина на конкретното место каде се наоѓа туристот.Приватниот сектор има можност да биде дел од оваа апликација и да ја промовира својата понуда преку означување (мапирање) на својот производ на Google Maps. Придобивките ќе бидат поголеми за приватниот сектор доколку веб страната има добро оптимизирана мобилна верзија.
Гугл одлучи да ја креира оваа апликација по студија спроведена на Е-маркетер ( Агенција за маркетинг истражување во дигиталниот свет) коишто најавија дека туристите се повеќе користат мобилни телефони за да го испланираат своето патување. Очекувањето е дека до крајот на 2016-та година 50% од интернет резервациите ќе бидат вршени преку мобилен телефон, а до 2019-та овој процент ќе достигне 70%.