Отслужена литургија во „Св.Софија“ за празникот Светите маченички Вера, Надеж и Љубов, и мајка им Софија

Денес, на празникот посветен на Светите маченички Вера, Надеж и Љубов, и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Зоран Ставрески.

Овој свечен ден стана уште поторжествен, со ракополагањето на ѓаконот Зоран Ставрески во презвитерски чин од раката на Митрополтиот Тимотеј.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.