Стојаноски: Ништо од даденото ветување на Бакрачески дека ќе се реши проблемот со ОУ „Григор Прличев“

Советниците на ОО СДСМ Охрид денес одржаа прес-конференција, во чие име се обрати координаторот д-р Јован Стојаноски.

„Училиштето „Григор Прличев“ во Охрид е со блокирана сметка, со долгови од над 15 милиони денари.Учебната година започна, а се уште не е довршена ниту реконструкцијата на покривот на двете училишни згради.Опасноста од прокиснување на покривот при дождливо време претставува сериозен проблем кој предизвикува дополнителен стрес за родителите, учениците и наставниот кадар. Граѓаните на Охрид, родителите, учениците, не залужуваат ваков неодговорен однос. Не може да има 18 милиони евра за панорамско тркало а учениците, во Охрид да учат во училиште без нормален покрив“ – рече Стојаноски и додаде:

„За потсетување, пред две години (17.11.2014) градоначалникот, Никола Бакрачески јавно вети дека ќе го реши ова прашање. Денес, две години од даденото ветување, тоа се уште не е исполнето. Градоначалникот и локалната власт не покажаа никаков интерес ниту грижа за потребите на охриѓани. Токму затоа треба да заврши времето на неодговорни и неспособни политичари. По демократските промени, новата и одговорна Влада предводена од СДСМ ќе направи ревизија на сите долгови во училиштата. Одговорност за недомаќинското работење мора да има. Охрид и Македонија ќе добијат современ образовен систем.“- додаде Стојаноски.

istorijat-na-blokirana-smetka-1