Во Лагадин традиционално одбележан празникот Св. Софија, Вера, Надеж и Љубов

Традиционално верниците денес го одбележаа празникот посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија во истомената црквичка во Лагадин.

На големиот црковно народен собир присуствуваа голем број на верници, палеа свеќи, се молеа за здравје, среќа и благосостојба.

Црквата во Лагадин пред 15 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.

2015VeraNadaLjubovLagadin01

WebOhrid