Во рамки на предвидените активности, како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), Општина Охрид заедно со основните училишта организира „ Денови на меѓуетничка интеграција“.
Како една од предвидените активности беше и денешниот „ Отворен ден“, што се реализираше во ОУ „ Братство Единство“ – модел училиште, на која учество зедоа ОУ „ Григор Прличев“, ОУ „ Климент Охридски“, ОУ „ Христо Узунов“ и ОУ „ Наум Охридски“ од с.Пештани. На „ Отворениот ден“ поделени во групи учениците реализираа билингвални работилници, квиз, игри на бетон и игри без граници.
На настанот присуствуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од УСАИД од проектот за меѓуетничка интеграција, наставници и ученици од основните училишта. „Овој проект покажува колку е важно децата да се воспитуваат на позитивни примери, за да можат посигурно да чекорат кон предизвиците на иднината“ – рече Јанев.
Активностите по повод Деновите на меѓуетничка интеграција, завршуваат со големиот настан, што ќе се одржи во ОУ „Живко Чинго“ во с. Велгошти во спортската сала „Тодор Александров“ , на 7 октомври 2016 година со почеток во 11 часот, при што ќе бидат презентирани активностите и постигнатите резулатати од досегашните реализирани актвиности со партнер училиштата, што основните и средните училишта од Општина Охрид ги реализираа во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција.