Градоначалникот Никола Бакрачески, денес оствари средба со претставници на Германскиот економски совет, предводени од Тим Фаустман и Норберт Зисмут. Германската бизнис делегација е во скрининг посета на Македонија, за идни потенцијални вложувања во туризмот, прехранбента и земјоделска индустрија и ИТ секторот.
Градоначалникот Бакрачески ги запозна гостите со можностите и потенцијалите на Општина Охрид, при што гостите изразија особен интерес за соработка во ИТ секторот. Во текот на посетата, германските гости ќе остварат средба со претставници од Универзитетот “Свети Апостол Павле“, за да се разгледаат модалитетите за идна соработка, a ќе имаат средба и со менаџментот на „Костал“.