Утре во ОУ „Живко Чинго“ завршуваат активностите од проектот за меѓуетничка интеграција

Kако дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), Општина Охрид заедно со основните училишта организира „ Денови на меѓуетничка интеграција“.

Активностите по повод Деновите на меѓуетничка интеграција, завршуваат утре со големиот настан, што ќе се одржи во ОУ „Живко Чинго“ во с. Велгошти во спортската сала „Тодор Александров“, со почеток во 11 часот.

На настанот ќе бидат презентирани активностите и постигнатите резулатати од досегашните реализирани актвиности со партнер училиштата, што основните и средните училишта од Општина Охрид ги реализираа во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција.

WebOhrid