Пожар во помошен објект на полициска станица Франгово

Вчера во 02.00 часот по полноќ во ПС за ГН-Франгово во подрумските простории на помошниот објект каде се сместени резервоарите со нафта за греење и печката за греење, од засега непознати причини настанал пожар.

Пожарот е изгаснат од страна на полициски службеници и ТППЕ-Струга, а од екипа на ЕВН исклучена била електричната енергија. Повредени лица нема. Увид на лице место ќе се врши во текот на денот.