Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта, во рамките на своите активности годинава за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Hoќ на виното“.
Во рамките на манифестацијата ќе настапат познати естрадни ѕвезди, Eлена Велевска, Татијана Стефаноска и групата Маестрал бенд, проследена со дегустација на македонски вина и избор на најдобро вино од Мешеишта и регионот.
Сите активности во програмата која е подготвена за оваа манифестација во основа има негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое се произведува на поднебјето на Мешеишта и регионот.
Манифестацијата ќе се одржи утре (понеделник) со почеток во 19:00 часот, во селото Мешеишта.