Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својата фејсбук страница објави уште една добра вест за граѓаните која значи нови вработувања и развој на македонската економија. Груевски: „ Нова инвестиција за нови 600 директни вработувања. Грчката компанија Цераметал од Атина донесе одлука да инвестира во Битола, поточно во нов капацитет во индустриската зона Жабени, за производство на метални производи, конструкции и на материјали за заварување што наоѓаат примена во енергетскиот и градежен сектор“.