Утре напладне, во големата сала на општина Охрид ќе се одржи промотивен настан на тема „Можности за финансирање на иновативни проекти на старт -ап и спин -оф компании“.
Организатор на случувањето е Фондот за иновации и технолошкиразвој во соработка со општина Охрид и истото е поддржано од Министерството за образование и наука.
На настанот можат да присуствуваат директори, професори, ученици, студенти,млади и други заинтересирани лица.