Во Градскиот парк пред спомен обележјата на Андон Дуков, Спас Банџов, Петре Пирузе – Мајски и Мите Богоески, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Р. Македонија, делегација на општина Охрид положи свежо цвеќе.
Пред спомен обележјата се поклонија и свежо цвеќе положија и претставници од ОО на Сојузот на Борци на НОАВМ од Охрид и Дебрца и останати претставници на јавниот живот од Охрид.