Пронајдени човечки коски во двор кај лице од с.Зајас, кичевско

На 10.10.2016 година во периодот од 10.55 до 14.15 часот во с.Зајас, кичевско, во дворното место сопственост на А.А. , бил извршен увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од НККР-Кичево. Увидот бил извршен по пријава дека на 09.10.2016 година при изведување на градежни работи – ископ на земјиште од страна на градежни работници со градежна машина, во стар неупотребуван бунар, на длабочина од 6,9м, биле пронајдени и извадени човечки коски (делови од скелети, делови од черепи, коски и сл.).

Пронајдените предмети се подигнати и по наредба на Јавен обвинител истите се испратени на вештачење во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.