Конкурс за ученици – за есеј на тема „Св.Климент Охридски и моќта на словото“

По повод одбележувањето на илјада и сто години од смртта на Св. Климент Охридски – првиот словенски архиепископ, втемелувачот на првиот словенски универзитет, светител и просветител, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС ЗА ЕСЕЈ
за учениците од основните и средните училишта во Република Македонија на тема

“Св.Климент Охридски и моќта на словото“

I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество на конкурсот имаат ученици од VI-IX одделение во основните училишта и ученици од I-IV година во средните училишта на територијата во Република Македонија.

II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Есејот треба да биде оригинален, со силен израз и мисла која ја отсликува горенаведената тема на натпреварот.

Есејот треба да биде напишан на македонски литературен јазик.

Есејот треба да има најмногу 500 зборови.

Еден ученик може да испрати само еден индивидуален авторски труд.

Есеите кои не ги задоволуваат критериумите или се со непримерна содржина ќе бидат веднаш дисквалификувани.

На есејот потребно е да креирате Ваша лозинка (не поголема од 7 карактери) и во посебен внатрешен плик означен со истата лозинка да бидат доставени податоците за ученикот (име и презиме, одделение или година на образование, училиште, општина и контакт телефон), кој ќе биде отворен само за наградените есеи по извршениот избор.

Есејот заедно со пликот со податоци за ученикот кој го напишал есејот потребно е да биде доставен во затворен плик со назнака „За конкурс за есеј на тема – Св.Климент Охридски и моќта на словото: “Св.Климент Охридски и моќта на словото“.

Есеите потребно е да се пратат најдоцна до 31 октомври 2016 година, до Министерство за образование и наука на следната адреса: ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 , 1000 Скопје.

III. НАЧИН НА ИЗБОР

За избор на најдобрите есеи, Министерството за образование и наука ќе формира комисија составена од пет члена.

IV. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

Министерството за образование и наука ќе додели симболични награди за најдобрите 3 есеи.

Министерството за образование и наука ќе го објави името на наградените ученици на својата веб страница www.mon.gov.mk најдоцна до 30 ноември 2016 година.

Доделувањето на наградите ќе биде во првата недела од месец декември 2016 година.