ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Недоправената училишна зграда на ОУ Григор Прличев во Охрид претставува реална закана кон безбедноста и здравјето на учениците. Поради неодговорното работење на локалната власт, зградата на училиштето е нецелосно покриена и дел од училниците прокапуваат. Недозовливо е нашите деца да учат во мувлосани и влажни простории.
Наместо да се зафати со решавање на овој проблем, локалната власт предводена од верниот послушник на Никола Груевски, Никола Бакрачески, преку своите советници во Општината троши пари за експропријација на земјиште во приватна сопственост, а потоа планира да земе дополнителен кредит за да направи пешачка патека до дискотеката во Хотел Парк.
Наместо да направи санација на зградата на ОУ Григор Прличев кое е со блокирана сметка, локалната власт одбра да троши на луксуз и неприоритетни прокети.
ОО СДСМ Охрид апелира на итна и целосна санација на училишната зграда и истовремено бара да се преиспитаат ваквите одлуки. наместо за луксузни проекти, парите да се пренасочат кон решавање на вистинските проблеми.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.