„Благородник” од Молиер утревечер пред охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Охридскиот народен театар, утревечер повторно ќе ја изведе претставата „Благородник” од Молиер, во режија на Дејана Николовска.

Претставата е со почеток во 20:00 часот, а влезот чини 150 денари. Картите се во продажба на билетарницата на Центарот за култура.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески, Марија Неданова.Костимографијата, сценографијата и светлото се на Милена Пантелеева од Бугарија.

WebOhrid