Јавна расправа со приватните станоиздавачи

Врз основа на предложеното законско решение со кое се предвидува „сместувачки капацитети од типот на соба или апартман од физичките лица да имаат најмногу 5 (пет) соби во еден објект, а доколку располагаат со повеќе од 5(пет) соби , да мора да се регистрира како правно лице и да се категоризира соодветно“ денес на иницијатива на Секторот за ТЛЕР се одржа јавна расправа на која беа поканети и присуствуваа претставници од Секторот за туризам и ЛЕР, Министерство за економија, ФТУ Охрид, општински инспекторат, претставници на Државен пазарен инспекторат, Советот на општина Охрид, претставници на ХОТАМ, како и претставници на угостителскиот сектор (физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем).

На јавната расправа се дискутираше по однос на предложените измени во Законот за угостителска дејност по што, мнозинството од присутни ги предложи следните заклучоци:

Преставниците од угостителскиот сектор – физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем побараа да остане постојното законско решение, односно да не се менува бројот на соби и легла.

Со цел елимирање на нерегистрираните станоиздавачи предложија засилени инспекциски контроли, како кај вршителите на дејност кои не се регистрирани, така и кај регистрираните во однос на пресметаната и платена ТПП.

Со цел изнаоѓање на взаемно прифатливо решение во интерес на сите засегнати страни а во насока на спречување на појавите на нелегално работење и други незаконски дејствија кои евентуално би произлегле при донесување на нови законски решенија, Секторот за ТЛЕР ги презентира следните предлози:

Одложена примена на измените кои би се донесле со период од 3-6 месеци поради потребата од преадаптација од физички лице во правен субјект (регистрирање на фирма, вработување на персонал, поднесување на барање за категоризација од министерство за економија и останати активности кои што се дел од овој процес),

Да се направи анализа за оправданост за бројот (5 соби или 10 легла) кои се предлагаат со законските измени, односно по кој параметри е утврден овој обем на соби и легла да биде лимит помеѓу физичко лице и правен субјект.

Правење на јасна дистинкција во постојниот или законот со новите законски измени во однос на можноста дали и во кој обем физичките лица даватели на овие услуги можат и смеат да даваат и услуги од типот на рецепција, ресторански услуги итн. – носење на законска регулатива посебно за т.н. „вили“ односно физичките лица кои даваат дополнителни угостителски услуги покрај ноќевање (измена на постојните правилници за категоризација).

Да се овозможи и понатаму во еден индивиуален станбен објект да може да бидат издавани решенија за категоризација на повеќе лица со право на сопственост со лимит на соби и легла согласно новите законски измени кои ќе бидат донесени.

Можност за субвенционирање или ослободување од плаќање на придонеси на определен период (како дел од активните програми и мерки за вработување на Владата на РМ) за ново креирани работни места кои би произлегле од евентуалното носење на предложените законски измени при пререгистрација од физички лица во правни субјекти.

Повторно разгледување на можноста на законот за туристичка такса (ТПП) во однос на паушална наплата на ТПП кај станоиздавачите како и кај нерезидентните сопшственици на станови. (предлог испратен до вас од страна на општина Охрид пред повеќе од една година).

Јавната расправа беше одржана по барање на Секторот за ТЛЕР донесено како заклучок на состанокот одржан во Министерството за економија на 05.10.2016, кој беше свикан на истата тема, а меѓу другото беа донесени и следниве заклучоци:

Општина Охрид и Град Скопје да организираат јавна дебата за намалување на бројот на собите за физичките лица и импактот од истите измени.

Да се зголеми бројот на инспектори на локално ниво и на Државниот пазарен инспекторат се со цел зајакнување на контролите.

МЕ да предложи минимални услови за регистрација на Хостели, Вили и Апартмани и за истите да се предвиди содветна категоризација (исклучиво како правни субјекти).

МЕ да предложи измена на Правилникот за субвенционирање на странски организиран туристички промет во делот да физичките лица да се изземат од правото за користење на истите.

УЈП да направи издвојување на приходите од издавање на станови под закуп и издавање на станови за угостителска дејност од физички лица, се со цел полесна контрола и увид во начинот на плаќањето на таксите.

Донесените заклучоци од одржаната јавна расправа, како и ставовите на Секторот за ТЛЕР при општина Охрид ќе бидат доставени и до предлагачите на измените на Законот со барање истите да бидат земени во предвид при донесувањето на законските измени.

stanoizdavaci104852