Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денес одржа прес-конференција на која истакна:
„Во предлог буџетот за 2017 година никаде ги нема 140-те детски градинки кои обвинетиот Груевски вети дека ќе ги изгради за три и пол години, во вредност од 25 милиони евра.
Во предлог-Буџетот за 2017 година, за изградба, опремување и одржување на градинки, за следните три години има само еден милион двеста и деведесет илјади евра. Со други зборови, Никола Груевски повторно лаже.
Почитувaни граѓани,
Обвинетиот Груевски не може ниту да ветува, ниту да реализира проекти од интерес на граѓаните. Тој со години, парите на граѓаните ги фрла на раскош и луксуз, кои изедоа илјадници градинки.
Верноста на целиот проект Скопје 2014, надмина 667 милиони евра. Овие пари изедоа 4.446 градинки.
Само проектот за, како што го нарекуваме, Тркалото на лудоста позади мене, чини 19 милиони евра. Тоа значи дека со овие пари можеа да бидат изградени 126 детски градинки.
По декември, новата влада предводена од СДСМ ќе донесе сосема нов Буџет, којшто на прво место ќе ги стави потребите на граѓаните. Ќе обезбедиме средства за нови реални градинки. За нови реални работни места со повисоки плати, и за нови поддршки за домашните фирми.“ – истакна Манчевски.