Почнаа отворените денови на АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, денес од Ресен го почна новиот циклус на непосредни средби со операторите со храна и граѓаните од овој регион, во рамки на Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство. Почнувајќи од денес до средината на ноември, првите луѓе на Агенцијата средби со компаниите и граѓаните ќе одржат и во Битола, Охрид и Струга, во Прилеп, Велес и во Скопје.

Преку отворените денови за компаниите и граѓаните кои Агенцијата за храна и ветеринарство почна да ги реализира минатата година, покрај запознавањето со надлежностите и работата на институцијата, добивање на стручна помош во остварувањето на некои права од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, граѓаните и компаниите имаат можност да постават прашања кои се од нивни интерес и да дадат предлози.

За учество на Отворените денови, заинтересираните компании и граѓаните потребно е да се најават на телефонските броеви 02/ 2457 895 и 02/ 2457 893 или на електронската адреса info@fva.gov.mk.

РАСПОРЕД НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО

1. Битола 20.10.2016 четврток од 12 до 15 часот
Подрачна единица Битола (ул Крушево бр 5а – стара општинска зграда)

2. Охрид/ Струга 27.10.2016 четврток од 12 до 15 часот
Општина Охрид

3. Прилеп 03.11.2016 четврток од 12 до15 часот
Подрачна единица Прилеп –ФЗОМ (ул Прилепски бранители бб)

4.Велес 10.11.2016 четврток од 12 до15 часот
Подрачна единица Велес-ФЗОМ (Ул.,,Шевки Сали’’бр.6)

5. Скопје 17.11.2016 четврток од 12 до15 часот
Централа на Агенција за храна и ветеринарство (3-та Македонска бригада бр.20)