Доделени сертификати за завршен курс по турски јазик на припадници на АРМ

Денеска, во просториите на турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје беа доделени сертификати за завршен „Основен курс по турски јазик“ на осум припадници на Армијата на Република Македонија.

„Сакам да изразам благодарност од Министерството и од Армијата на Република Македонија за можноста за изучување на турскиот јазик. Соработката помеѓу Македонија и Турција е на највисоко ниво, особено на полето на одбраната“, истакна министерот Јолевски на свеченоста.

Воедно, министерот посочи дека пример за одличната соработка помеѓу двете земји е можноста да испраќаме офицери и војници на обука во Турција, а воедно припадници на АРМ се и дел од турскиот контингент во рамки на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

dsc_1580_resize

„Република Турција во многу форми и помага на Република Македонија. Една од формите е изучувањето на јазикот, можноста да се посетат многу високи школи, заедничките обуки, помошта со техничко – материјални средства, како и несебичната, целосна и безусловна поддршка на нашата НАТО – интеграција“, заклучи министерот.

Културниот центар „Јунус Емре“ во последните шест години организира курсеви по турски јазик за вработените во Министерството и Армијата на Република Македонија. До денес 78 курсисти го завршија курсот по турски јазик.

dsc_1551_resize