Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својата фејсбук страница објави уште една добра вест за граѓаните која значи нови вработувања и развој на македонската економија. Груевски: „Добра вест. Нова инвестиција во земјоделскиот сектор за нови вработувања и изградба на откупно дистрибутен центар за земјоделски производи во јужниот дел на државата. Имено холандската компанија Innofruit одлучи да инвестира во Македонија, каде освен обработка на земјоделско земјиште и производство ќе се занимава со откуп и извоз на земјоделски производи. Ќе се вработат 130 луѓе, од кои поголемиот дел ќе бидат постојано ангажирани, а дел времено“.