Акција на Citroën во Охрид: „Овој човек има стил, вози Citroën“

Охриѓани, но и бројните гости денес во Охрид беа сведоци на навистина интересна акција на Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën.

По убавото, топло и сончево време и големата раздвиженост на Градскиот плоштад, тимот на Citroen заврза по еден балон со натпис „Овој човек има стил, вози Citroën“, на возилата од оваа реномирана компанија кои беа паркирани во центарот на градот.

Глетката беше интересна и прифатена од граѓаните кои пиеја кафе по охридските кафе барови, а особено од најмладите.

Компанијата Inside Auto, чиј салон се наоѓа на улицата „15-ти корпус“ број. 116 во Охрид е овластен застапник на возилата од гамата на Citroën за Охрид.

„Денешната акција е само почеток, наскоро очекувајте многу изненадувања и интересни акции од вашиот Citroën,“ велат од Inside Auto.