Во Охрид приведени кумановчани кај кои била пронајдена дрога

Вчера во периодот од 14.30 до 16.20 часот, по претходно издадена наредба од Основен Суд Охрид, полициски службеници извршиле претерес во дом и помошни простории, кои како потстанари во Охрид ги користеле С.Н. (30) и А.М. (38 ), двајцата од Куманово.

При претресот биле пронајдени и со потврда за одземени предмети биле одземени: три најлонски пакувања со непозната прашкаста материја и една дигитална вага.

Лицата се приведени и по целосно расчистување и документрање на настанот ќе следи соодветен поднесок.