Свети Исихиј Хоровит
Беше прво негрижлив кон спасението на својата душа. Но се разболе тешко и умре и се врати од смртта и беше здрав. Тоа наполно го измени. Се затвори на Света Гора во една келија и со никого ништо не прозборе дванаесет години. Пред смртта му ја отворија монасите келијата и го замолија да им каже некоја поука. Тој само рече: „Кој помислува на смртта, не може да згреши.“ Неговото име се поврзува со т.н. исихасти, коишто молчењето, богомислието и умствената молитва ги истакнуваат како совршено дејствување на вистинските монаси. Тие имаа посебен Скит на „исихасти“, или „безмолвници“, на Света Гора. Се раскажува дека Св. Григориј Богослов на пример, Великиот Пост го минувал во непрестајно безмолвие.