Светски ден на храната

На 16 октомври 1945 година, во Квебек, Канада, 42 земји оформија Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Притоа тие направија уште еден важен чекор во постојаната борба на човекот против гладта и неухранетоста. Преку воспоставување на ФАО тие самите, но и многу други земји кои беа предвидени да влезат во Организацијата, може да се справат со проблеми кои се од голема важност за сите земји и сите луѓе.

ФАО го прославува Светскиот ден на храната секоја година на 16 октомври, денот на кој Организацијата е основана во 1945 година.

Целите на Светскиот ден на храната се:

  • да се поттикне вниманието на земјоделско производство на храна и да се поттикнат национални, билатерални, мултилатерални и невладини напори за таа цел;
  • поттикнување на економска и техничка соработка меѓу земјите во развој;
  • поттикнување на учество на руралното население, особено жените и најмалку привилегираните категории, во одлуки и активности кои влијаат на нивните услови за живеење;
  • подигање на свеста за проблемот на гладот во светот;
  • промовирање на технологии за земјите во развој;
  • зајакнување на меѓународната и националната солидарност во борбата против гладот, со особено внимание на достигнувањата во храната и развој на земјоделството.

Темата за оваа година е: „Климата се менува. Храната и замјоделството мора исто така.“

Еден од најголемите проблеми во врска со климатските промени е безбедноста на храната. Најсиромашните во светот – многу од нив се земјоделци, рибари и сточари – се најтешко погодени од високите температури и зголемување на елементарните непогоди.

Во исто време, светската популација постојано расте и се очекува да достигне 9,6 милијарди до 2050 година. За да се задоволи толку голема побарувачка, системите на земјоделството и храната ќе треба да се прилагодат на негативните ефекти од климатските промени и да бидат поеластични, продуктивни и одржливи. Ова е единствениот начин со кој може да се обезбеди благосостојба на екосистемите и руралното население.

Производство на храна на одржлив начин значи усвојување на практики со кои би се произвело повеќе со помалку, во истото земјиште да се користат природните ресурси мудро. Тоа исто така значи намалување на загубите на храната пред финалниот производ или фаза на мало преку голем број на иницијативи, вклучувајќи подобро собирање, складирање, пакување, транспорт, инфраструктура, пазарни механизми, како и институционални и правни рамки.

WebOhrid