ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.Т. (30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот како инвеститор на катастарска парцела во катастарска општина Струга, на ул. Кеј „8-ми Ноември“, без одобрение за градење, започнал градба на објект – индивидуална станбена зграда. Од страна на градежен инспектор составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот.