На 17.10.2016 година во 08.40 часот во ПС Струга, К.В. (30) од Струга пријавил дека на 16.10.2016 година околу 08.00 часот, неговата сопруга А.М.К. (30) отишла на работа во нејзиниот салон и кога по час и половина ја побарал, истата не се јавувала на мобилниот телефон.
Пријавителот отишол во салонот, но не ја нашол. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.